Правила на НАГРАДНАТА ИГРА

Подравка: „Grill With A Feel“

Правила на НАГРАДНАТА ИГРА Подравка: „Grill With A Feel“  (во натамошниот текст: „Правила“)

Член 1 – Компанија и седиште на организаторот

Oрганизатор на наградната игра е Друштво за трговија и услуги Подравка ДООЕЛ Петровец, со седиште на адреса: ул. 9, бр.4 во Мултифункционалната индустриска зона Ќојлија во Петровец, со ЕМБС 4276663 и ЕДБ 4030992253046 (во натамошниот текст: Организатор).

Член 2 – Име на наградната игра, време и место на одржување

Името на наградната игра е Подравка:Grill With A Feel“ . Нaградната игра ќе трае од 23.04.2025 година до 23.05.2025 година во 23:59:59 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Член 3 – Цел на наградната игра

Целта на наградната игра е да се рекламираат производите од брендовите: Podravka и Vegeta оригинал, Vegeta Nаtur и Vegeta Maestro на компанијата Подравка како Организатор на продажните места на трговскиот ланец Кит Го и Вива Фреш маркети.

Член 4 – Услови за учество во наградната игра

За учество во наградната игра потребно е во наведениот период да се купат минимум 2 (два) од наведените производи од Подравка во кое било продажно место на трговскиот ланец Кит Го и Вива Фреш маркети во Република Северна Македонија во вредност од најмалку 399 денари.

Во наградната игра учествуваат следниве производи од брендовите на Подравка:

Вегета Оригинал:

Вегета 125g, Вегета 200g доза, Вегета 250g, Вегета 500g, Вегета 1kg.

Вегета Натур:

Вегета Натур грил класик 30g, Вегета Натур за пилешко 30g, Вегета Натур за салата 30g, Вегета Натур за свинско 30g, Вегета Натур за риба 30g, Вегета Натур за крцкави компирчиња 30g, ХХЛ Вегета Натур за крцкави компирчиња 100g.

Вегета Маестро:

Црн бибер во зрно 15g, Зелен бибер во зрно 20g, Оригано 5g, Цимет 25g, Мелена лута пиперка 100g, Мелена блага пиперка 100g, Блага пиперка 50g, Димена блага мелена пиперка 70g, Ловоров лист цел 5g, Мускатно оревче цело 15g, Куркума 110g, Кари 110g, Црн бибер мелен 100g, Ѓумбир 40g, Црн бибер во зрно (мелница) 42g, Црн бибер 45g, Шарен бибер во зрно (мелница) 40g, Цимет 45g, Лук во гранули 55g, Куркума 45g, Кари 40g, Мускатно оревче 38g, Рузмарин 30g, Копар 16g, Каранфилче цело 30g, Босилек 14g, Оригано 10g, Лук во прав 50g, Чили 40g, Чили и сол 40g (мелница), Шафран 10g, Мешавина од медитерански зачини 60g (мелница), Каенски пипер 38g,

Подравка кондименти:

Кечап лут 500g, Кечап лут 1kg, Кечап благ 500g, Кечап благ 1kg, Кечап Халапењо 500g, BBQ сос класик 345g, BBQ сос спајси хот 345g, BBQ сос халапењо 345g, , Сенф естрагон 350g, Сенф естрагон 700g, Сенф естрагон 200g, Сенф естрагон туба 100g, Сенф естрагон 310g.

Подравка скиселен зеленчук:

Корнишони 680g, Феферони лути 630g, Феферони лути 310g.

Пријавувањето е преку посебно изработена веб страница www.podravkagrill.mk каде што има посебно поле за регистрација. Она што треба да се направи е да се прикачи фотографија од фискалната сметка со која ќе се докаже дека се купени најмалку два (2) производи од вредност од 399 денари од Подравка асортиманот за скара и ќе се пополнат задолжителните полиња на онлајн формуларот за регистрација (се пополнува: име и презиме, адреса на живеење, телефон, е-меил, број на фискална сметка и датум кога е извршено купувањето). Секој учесник кој ќе пополни формулар за учество во наградната игра и ќе прикачи фотографија од фискалната сметка најдоцна до 23.05.2025 година во 23:59:59 часот, автоматски влегува во базата од која ќе бидат наградени вкупно 31 учесник.

Право на учество во наградната игра имаат сите граѓани над 18 години кои се државјани во Република Северна Македонија, освен вработените во Подравка ДООЕЛ и членови на нивното потесно семејство. Лица под 18 години не може да учествуваат во наградната игра.

Секој учесник може да учествува во наградната игра со повеќе пријави, но може да биде награден само еднаш. Доколку, по извлекувањето на добитникот на наградата, се утврди дека доставените податоци се нецелосни и / или неточни, таквата пријава за учество ќе се смета за неважечка.

Член 5 Погрешни и неправилни пријави

Организаторот го задржува правото да дисквалификува учесник во било кој било кој момент за времетраење на наградната игра, особено во следниве случаи: Ако учесникот ги прекрши правилата или остави неточни или нецелосни лични податоци при внесувањето на личните податоци во формуларот за пријава. Доколку пријавата содржи незаконска, опасна, злонамерна, расистичка, клеветничка, непристојна, порнографска, вулгарна или ксенофобична содржина. Пријавата не смее да прикажува или повикува на криминално или незаконско однесување. Од која било друга причина за која Организаторот смета дека негативно влијае на правичноста на наградната игра.

Член 6Награден фонд

Наградниот фонд вклучува:

Тип на награда Количина Состав Износ без ДДВ ДДВ % Износ со ДДВ
Керамичка скара 1 Керамичка скара, мат зелена, Ø58 см, BergHoff (Kares) 67.712,00 18% 79.900,00
Сет за пикник 5 Плетена корпа, чинии, прибор, салфетки, сет за маса, штипалка 31.529,00 18% 37.204,00
Пакет Подравка производи 10 Дрвена кутија, BBQ сосеви 2x345g, Каенски пипер, Вегета Натур (5 вида по 30g) 19,127.74 мешан (5%, 10%, 18%) 22.369,00
Сет за скара 5 Дрвена кутија (5x), сет за скара, четка за скара 13.381,00 18% 13.990,00
Престилка „Дад шеф“ 5 Престилка за готвење Dias 6.145,00 18% 7.250,00
Престилка „Супер шеф“ 5 Престилка за готвење Legami (Kares) 4.155,00 18% 4.903,00
ВКУПНО 31 142.049,74 165.616,00

Односно вкупната вредност на наградниот фонд изнесува 142.049,74 денари без ДДВ или 165,616.00 со вклучен ДДВ.

 

  • Прилог 1 – Фактура Карес
  • Прилог 2 – Фактура Меркур
  • Прилог 3 – Фактура Диас
  • Прилог 4 – Фактура Зара Хоум
  • Прилог 5 – Фактура – „Lukasware дизајнДН
  • Прилог 6 – Записник Подравка за отпис на производи

*Организаторот го плаќа персоналниот данок.

Член 7 – Извлекување на имињата на добитниците на награди и контрола на извлекувањето

Извлекувањето  на имињата на добитниците на наградите и контрола на извлекувањето на имињата на добитниците ќе се одржи во просториите на компанијата Подравка со седиште на адреса: ул. 9, бр.4 во Мултифункционална индустриска зона Ќојлија во Петровец, на 26.05.2025 во 10:30 часот по компјутерски пат, по случаен избор преку интернет страницата random.org. Извлекувањето ќе го надгледува трочлена комисија од компанијата Подравка (Даниела Трајковска – директор на финасии, Весна Дојчиновска – трејд маркетинг менаџер, Анастасија Величковска, продукт маркетинг менаџер), а учествуваат сите пристигнати пријави преку www.podravkagrill.mk заклучно со 23.05.2025 година во 23:59:59 часот.

Извлекувањето ќе се врши по компјутерски пат, по случаен избор, користејќи ја програмата random.org, откако ќе бидат евидентирани сите пристигнати електроснки пријави за учество кои системски се апдејтираат во ексел табела. Извлекувањето ќе го надгледува трочлената комисија од Подравка, во присуство на овластен нотар, по што ќе биде направен нотарски записник кој ќе ги содржи имињата и презимињата, како и адресите на добитниците на награди и заменските добитници. Задолжително ќе се провери дали се исполнети барањата/условите од Член 4. на овој Правилник. Извлечените пријави кои нема да ги исполнат барањата/условите од Член 4.на овој Правилник, нема јавно да се објават, а истите ќе бидат посебно записнички утврдени. Доколку некој од добитниците не подигне награда во наведениот рок, Организаторот има право да контактира со друг учесник кој се пријавил во наградната игра и ги исполнил сите Правила (резервен добитник).

Доколку во наградната игра се вклучат помалку учесници од бројот на награди кои се предвидени со наградниот фонд, тогаш ќе се доделат онолку награди колку што има и учесници.

Член 8 – Објавување на резултатите од Наградната игра

Резултатите од наградната игра ќе бидат објавени на www.podravkagrill.mk најдоцна 3 дена од денот на извлекувањето на наградените од наградната игра. Објавената листа на добитници ќе содржи: име и презиме и место на живеење.

Член 9 – Идентификација на добитникот на награда

Добитникот го остварува правото на наградата откако Организаторот ќе изврши увид во неговиот документ за лична идентификација и во фискалната сметка со која се докажува дека се купени најмалку 2 производи за скара од Подравка во вредност од најмалку 399 денари, а во спротивно тој го губи правото на наградата. Сите добитници треба да го потврдат својот идентитет со свој валиден документ – лична карта.

Член 10 – Начин и рок за подигање на наградите

Добитниците ќе ги подигнат наградите лично, во просториите на компанијата Подравка со со седиште на адреса: ул. 9, бр.4 во Мултифункционална индустриска зона Ќојлија во Петровец, со документ за лична идентификација и оригинална фискална сметка од извршеното купување. Рокот е не повеќе од 60 дена од датумот на објавување на резултатите од наградната игра.  Добитниците на пакет производи ќе ги добијат пакетите по брза пошта, преку компанија за брза достава до нивната домашна адреса. Наведениот рок за испорака на наградите може да се продолжи само доколку добитникот му се обрати на Организаторот дека од објективни причини не може да ја превземе наградата или ако Организаторот не е во можност да ја достави наградата поради виша сила во наведениот рок. Организаторот на наградната игра не сноси никаква одговорност за задоцнети, изгубени или неправилно испратени пратки, како и за нередовна достава (кога добитникот е известен за примената пратка, но не ја подигнал). Добитникот нема можност да добие парични награди или награди за замена (наместо наградата што му ја доделило стручното жири на Организаторот). Наградата е непренослива.

Член 11 – Начин на запознавање на учесниците со Правилата на Наградната игра

Начинот на учество во Наградната игра се објавува по добивање согласност од Министерство за финансии на Р. Северна Македонија на 23.04.2025 година. Со учеството во оваа наградна игра, учесниците ги прифаќаат и се обврзуваат да ги почитуваат правата и обврските пропишани во овие Правила. Сите учесници во Наградната игра се запознаени со „Политиката за приватност“ наведена на веб-страницата www.vegetagrill.mk, како и со „Условите за користење“ на истата веб-страница.

Член 12 Право на објавување и сопствеништво на медиумските содржини

Со претходна писмена согласност дека учесниците се согласни, доколку станат добитници на некоја од наградите, нивното име, презиме, адреса, фотографија и снимен материјал, Организаторот да може да ги користи во промотивни активности преку сите медиуми, без надокнада. Исто така, Организаторот ги задржува сите права на објавување и сопствеништво на медиумските содржини, кои произлегуваат од врачувањето на наградите на добитниците. Добитникот е обврзан во целост да соработува со Организаторот, а во врска со креирањето и објавувањето на содржините произлезени од наградната игра и во врска со наградната игра.

Член 13 Право на приговор и решавање на спор

Незадоволните учесници имаат право да поднесат приговор за текот на Наградната игра до Организаторот во рок од 3 дена од објавувањето на резултатите, а Организаторот ќе одговори на приговорот во рок од 3 дена од денот на приемот на приговорот.

Во случај на спор помеѓу Оргнизаторот и учесникот во наградната игра Подравка: Grill With A Feel“   надлежен е Основниот суд во Скопје.

Член 14 – Можност за прекин на наградната игра

Наградната игра може да се прекине единствено во случај на виша сила, а по добивање согласност од Министерство за финансии на Р. Северна Македонија согласно член 9 од Законот за игрите на среќа и забавните игри.

Член 15Валидност на правилата на наградната игра

Овие правила ќе бидат јавно објавени на веб-страницата на Организаторот- www.podravkagrill.mk  по добивање на согласност од Министерството за финансии на Р. Северна Македонија, пред почетокот на наградната игра.